Во овој број на нашиот онлајн магазин S-Work:

Лаура Фер е родена на 01.06.1981 година во Скопје, каде што живеела се до својата 27 година, а потоа се преселува во Канада каде што живее се до 2016- та година. Починува на 34 години на 27.02.2016 година.
Позитивната слика која ни ја остави оваа храбра личност, ни дава надеж да продолжиме во борбата против дискриминацијата и стигмата кон маргинализираните заедници. Различностите треба да се прифаќаат а не искоренуваат, а токму тоа не научи оваа личност. Лаура Фер засекогаш ќе остане запаметена и сакана и ќе ни дава храброст да продолжиме во тоа што се стремиме!

Интервју на Лаура Фер за НОВА ТВ од Билјана Секуловска
Што се однесува до личните контакти, имате цивилизирани и културни односи препоставувам со вашите пријатели? Да, значи јас сум прифатена од моите пријатели, сепак после толку години и после толку тешки периоди успеав во тоа што го посакував. Го направив тоа што сакам да бидам и луѓето тоа го прифатија. Претежно се дружам со урбани луѓе, културни луѓе кои знаат да сакаат и почитуваат, кои ги ценат различностите, дружељубиви се и среќни што ме имаат и јас сум среќна што што ги имам нив.

Лаура Фер
Нејзините пријатели, колеги, роднини и соработници ги споделија своите пораки со цел да ја изразат својата љубов, почит и празнина која таа ја остави…

Зборот„трансродови“ – или транс – претставува чадор-термин за луѓе чиј родов идентитет е различен од полот добиен со самото раѓање. Иако зборот „трансродовите” и нашата современа дефиниција за истиот почна да се употребува кон крајот на 20 век, луѓето кои припаѓаат на оваа заедница и кои се вклопуваат во рамките на оваа дефиниција постоеле во секоја култура во текот на историјата.

Новиот број на S-Work можете да го погледнете ОВДЕ[