Перформанс Skopje Red Light District

На 16 декември, СТАР-СТАР во соработка со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ организираше уметнички перформанс „Скопје ред лајт дистрикт“.

„Скопје ред лајт дистрикт“ претставува уметничка инсталација со цел да го отслика шармот на улицата на црвените фенери со бордели во Амстердам. Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Скопје за прв пат доби девојки на излог.

Ументичката инсталација пробуди доста интерес кај случајните минувачи, а самиот настан беше медиумски пропратен.

Со овој уметнички перформанс насловен  „Скопје ред лајт дистрикт“ СТАР-СТАР побара да престане насилството врз сексуалните работнички и да продолжи јавно да се зборува за нивните проблеми и права.

Во продолжение видео од самиот перформанс: